Јупитер и Сатурн се „пресретнаа“ – еве како изгледало тоа низ телескоп (ФОТО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Светот вчера имаше можност во живо да го проследи меѓусебното доближување на Јупитер и Сатурн кое е видливо од Земјата, за првпат од 17. век.

Имено, последен пат оваа „средба“ на Јупитер и Сатурн можела да се види насекаде од Земјата, во јули 1623 година, но во тоа време било речиси невозможно да се види пристапот поради близината на таа точка до положбата на Сонцето.

Скопското астрономско друштво објави дека за жал и овој пат облаците ги спречиле во намерата да го набљудуваат овој редок феномен.

„За жал и овој пат облаците нѐ спречија во намерата да го набљудуваме реткиот феномен на конјукција на најубавите планети за наљудување низ телескоп – Јупитер и Сатурн. Но, светот е голем и некаде мораше да биде ведро“, посочија од таму.

Астрономското друштво објави и фотографија од еден од најдобрите, ако не и најдобар астроном аматер кој слика планети, Дамиан Пич.

„За да ја направи фотографијата која ја гледате користел телескоп со дијаметар од 1 метар, во Чиле. Она што го гледате на фотографијата најприближно го отсликува тоа што би го виделе низ телескоп, доколку времето беше ведро“, додаваат од скопското астрономско друштво.