Националното собрание на Јужна Кореја денеска усвои нацрт-закон со кој се наложува специјалниот обвинител да го испита претседателот на земјата, Јун Сук Јеол, под обвинение за бунт во врска со неговиот неуспешен обид да воведе воена состојба во земјата минатата недела, објави Јонхап.
Нацрт-законот, кој повикува на истраги против Јун Сук Џеол, како и против поранешниот министер за одбрана Ким Џонг Хјун, началникот на Генералштабот, генерал Парк Ан Су и други функционери вклучени во краткорочното прогласување на воена состојба, беше усвоен во парламентот со 210 гласа за, 63 против и 14 воздржани.
За законот гласаа и пратениците од владејачката Партија на народна моќ.
