Јужнорејска војска: Северна Кореја испали неколку балистички ракети кон Јапонското Море

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Северна Кореја утрово испали неколку балистички ракети со краток дострел кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската војска.

Јужнокорејската војска забележала неколку ракети за кои се верува дека се балистички ракети со краток дострел, се вели во соопштението.

Лансирањето беше извршено од регионот Вонсан во Северна Кореја околу 8:10 часот по локално време.

Последен пат Северна Кореја лансираше балистички ракети на 10 март, кога Јужна Кореја и САД спроведуваа воени вежби во регионот.

ФОТО: Архива