Каде се Бугарите за кои зборува Радев? – Ниеден гласач не се пријавил од Охрид од „Цар Борис Трети“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бугарскиот клуб именуван по името на фашистичкиот соработник Ванчо Михајлов е избришан од Централниот регистар, откако и министерот за правда Кренар Лога го одби барањето на клубот за да го задржи името. Негативно мислење во врска со ова име, даде и Комисијата за имиња на личности. Во образложението беше истакнато дека името Ванчо Михајлов предизвика навреди и провокации кај македонското население, бидејќи станува збор за личност блиска до фашистичката идеологија. Но бугарскиот претседател Румен Радев одлуката на Северна Македонија за клубовите ја смета за израз на паника. Дури зборуваше и за Бугарите од 13 век.

„Многу лошо. Решението е израз на паника и немоќ. Скопје треба да признае дека има македонски Бугари, дека има бугарско присуство во РСМ. Не од денес, од вчера туку до векови, од 1300 година. Има бугарска историја… Забранувањето на имињата на бугарските клубови нема да ја за забрани упорноста на Бугарија и на нашите Европски партнери, РСМ да ги запише Бугарите во Уставот“, вели Румен Радев.

Всушност, освен ВМРО-ДПМНЕ и други помали субјекти, никој во Северна Македонија не е против вметнување на Бугарите во Уставот. Забраната за употреба на имиња како Ванчо Михајлов за клубот во Битола и Цар Борис Трети во Охрид е бидејќи тие се сметаат за контроверзни историски ликови кои соработувале со фашистите. Од друга страна, Радев зборува за бугарско присуство во Северна Македонија уште од 13 век, ниту ова никој не го негира, дека овде живее бугарска зедница, но како што изгледа тие немаат некоја голема желба да гласаат на следните избори во Бугарија, или можеби со бугарските пасоши си заминале од Македонија.

Гласачи од РСМ на изборите во Бугарија

Тотален број: 169 се пријавиле

  • Скопје 14
  • Битола 9
  • Кавадарци 42
  • Прилеп 41
  • Тетово 40
  • Струмица 20

Како што може да се види од овие податоци соопштени од бугарското МНР, ниеден граѓанин од Охрид не се пријавил дека ќе гласа на изборите во Бугарија, а за чудо токму во овој град беше отворен клубот со име Цар Борис Трети!