Склучениот договор меѓу општина Тетово и здружението „Амос Пет“, за Комората на ветеринари, е првиот случај кога здружение добива тендер за кучињата скитници. Претседателот на оваа Комора, Томислав Николовски, вели дека третманот на кучињата има неколку услови кои мора да се види дали ова здружение што го добило тендерот ги исполнува или не.
Николовски вели дека Агенцијата за храна и ветеринарство има обврска да провери дали се почитува законот. Доколку работите не се работат според правилникот треба да има санкции, вели претседателот на Комората.
И по неколку барања и прашања, се уште немаме одговор од здружението „Амос пет“ каде се засолнуваат кучињата скитници. Во договорот помеѓу општината и здружението, во член 3 јасно пишува дека изведувачот мора да работи според Законите и прописите за животни, вклучително и засолништа.
„Извршителот е должен услугите кои се предмет на Договорот да ги извршува во рок од 12 месеци сукцесивно по диспозијција и налог на Нарачателот, на начин и под услови опишани во техничката спецификација, а согласно Законот за заштита и благосостојба на животните. Правилникот за техничките услови за прифатилиштата, постпаките за еутаназијата, начинот на водење на евиденција и начот на вршење надзор, формата и содржината на регистарот и начинот на регистрација како и информациите потребни за регистрација“, стои во член 3 од Договорот.
ТВ21 побара од Агенцијата за храна и ветеринарство, од каде нагласуваат дека во договорот треба да се предвиди кучињата да бидат сместени во прифатилишта акредитирани од нивна страна.
„Општината мора да ги врши сите активности врз основа на прифатилишта кои претходно добиле одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство. Тендерот го спроведува општината, односно Агенција за храна и ветеринарство нема надлежност по ова прашање. Општината мора да ја врши дејноста преку прифатилиштето кое е одобрено од Агенцијата за храна и ветеринарство, што е и еден од условите избор на тендерот, бидејќи законитоста на работата на општината за контрола на скитници кучињата зависат од ова“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Пред неколку дена од Агенцијата за храна и ветеринарство за ТВ21 изјавија дека здружението „Амос пет“ го нема во регистарот на акредитирани прифатилишта. Засега не е познато каде во ова здружение се сместени кучињата уловени во Тетово. ТВ21 побара неколку прифатилишта во Скопје, Тетово и Куманово, но сите негираа дека соработуваат со здружението „Амос пет“. Кога побаравме од здружението да ги снимаат заловените кучиња, ни рекоа дека се згрижени и се рехабилитираат, па не можеме да ги снимаме за да не бидат изложени на стрес. Вредноста на договорот е 1,5 милиони денари, за лекување на 82 бездомни кучиња во период од 12 месеци.
