Каде сме 20 години по Рамковниот договор? Груби: Се спроведува секојдневно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

20 години од пот пишувањето на Рамковниот договор, а патот кон ЕУ се одвива со бавни чекори. За тоа, денеска се собраа политичари и претставници од граѓанскиот сектор. Еден од нив беше и првиот вицепремиер Артан Груби, кој во својот говор се обрати само на македонски јазик.

Но на нашето прашање за тоа што е до сега имплементирано од Рамковниот договор, одговори на албански:

„Се спроведува секој ден во секојдневниот живот. Значи дека соодветната застапеност не може да заврши никогаш. Имаме постигнато 25%, сега веќе луѓето се пензионираат, си заминуваат од работа, си заминуваат од земјава. Тоа е секојдневен развоен процес“, рече Груби.

Тоа што падна во очи беше автомобилот на Груби кој беше паркиран на тротоар. Но по половина час, неговиот возач го тргна од тука.

Од граѓанскиот сектор истакнаа дека Рамковниот договор не е договор за помирување на Македонците и Албанците, туку договор за мултикултуризација на целото општество во земјава.

Првиот вицепремиер Груби истакна дека целиот нормативен дел кој е предвиден со Рамковниот договор веќе е усвоен од Собранието на Северна Македонија и секојдневно се имплементира.