Понекогаш ви се случува да сте се сити, и ви останала од пицата, и сакате да ја сочувате за утре повторно да ја конзумирате. Дали остатоците ќе ги ставите во фрижидер, или, пак, ќе ја оставите на собна температура?
Постојат теории дека ставањето на пицата во фрижидер е најдобро да се прескокне. Со други зборови најдобар начин подоцна да уживате во пицата е да ги држите остатоците на собна температура, и притоа веднаш да јадете без загревање.
Творците на оваа теорија тврдат дека корицата на пицата останува крцкава, а со чувањето на собна температура, нема потреба од повторно загревање. Но, постојат и проблеми со оваа теорија, пред се можност вашата пица да стане плодно тло за рацој на бактерии. Иако се уште не се забележани проблеми со здравјето кои се јавиле со конзумација на пица која цела ноќ стоела во кујна, творците на оваа теорија препорачуваат да ја пробате ако имате издржлив желудник.
