Каде заглави методологијата за јавниот сектор? – ССМ: Владата не го почитува законот што сама го донесе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По вчерашните обвинувања од претседателот на ССМ Дарко Димовски дека власта ги манипулира и купува време со креирањето на новата методологија за покачување на платите во јавниот сектор, која според нив требаше да биде готова до сега, денеска одговор побаравме и од министерката Јованка Тренчевска кон која беа упатени обвинувањата. „Социјалниот дијалог е отворен, бидејќи се работи за системско решавање на проблемите, не нешто што не е ад хок од сега за утре и после да не важи, туку воспоставуваме систем и затоа рековме дека методологијата ќе биде готова до крајот на годината, а ќе се применува од 1.1.2023 година“- вели Тренчевска.

„Процесот го води кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи заедно со министерот за финансии, секако како министерка за труд каде што е прашањето за синдикатите и правата на работниците сум вклучена во оваа работна група и очекувам наскоро да имаме и јавни дебати и околу самата методологија, предлогот и состаноци со сите социјални партенери“, вели Јованка Тренчевска.

Сепак, ССМ смета дека владата не го почитува законот кој сама го донесе за линеарно покачување на платите, а усогласувањето да биде најдоцна до септември. Па, затоа се принудени како што велат правдата да ја бараат пред домашните и меѓународните судови.

„Правото да поднесат тужба е право на скеој граѓанин така и на синдикатот, но прво треба судската инстанца да си ја завршат овде па потоа да одат на меѓународните судови. Имаме различни читања на закон дава законодавно-правна комисија, а на колективен договор космисиите во рамки на синдикатите“, додава Јованка Тренчевска.

 На прашањето дали ќе има регрес за сите 138.000 вработени во јавниот сектор и каде е уредено тоа, министерката одговара:

„Владата е работодавач на органите на државната управа. 138 000 јавна администрација во органите на државната управа, во општините и во јавните претпријатија кои се во надлежност на општините. Така што кога зборуваме за обезбедување на К-15 како обврска на владата тоа не се 138 000 туку околу 11 000“, порача Јованка Тренчевска.

Од влада информираат дека документот е во фаза на изработка. Внатрешно во министерствата се прават анализи и конечниот предлог наскоро ќе биде презентиран на социо-еконосмките партнери.