Адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев на денешните по рочиштето за „Рекет“ каде беа прикажани снимки од тајното следење на полицијата, истакна дека во овие мерки, според одбраната, не се открива никаков доказ за нешто инкриминирачко за обвинетите.
„Од цел еден месец снимање, само еднаш дошол обвинетиот Бојан Јовановски во домот на Катица Јанева, и не гледаме ништо чудно во тоа. Тие не кријат дека имале контакт“, посочува Кадиев.
