Кафеава вода од чешмите во Струга: Се ангажира приватна институција, обвинителството отвори предмет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, соопшти дека општината презема засилени мерки за надминување на проблемот со загадената вода за пиење, поради кој жителите веќе една недела не можат да ја користат водата од градскиот водовод.

Од чешмите тече заматена и темнокафеава вода, поради што е изречена забрана за нејзино пиење и употреба.

Ќура најави дека на 16 февруари приватна стручна институција од Скопје, ангажирана по негова иницијатива, ќе спроведе детални анализи за утврдување на причините за загадувањето.

Како можни причини се разгледуваат интервенции во заштитната зона на извориштето или природни фактори, но конечните заклучоци, како што посочи, ќе произлезат по завршување на стручните испитувања.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет за утврдување на причините за загадувањето и евентуална кривична одговорност за нарушување на животната средина.

По наредба на обвинителството, ќе се спроведе увид на извориштата со присуство на полиција и надлежни инспекциски служби.