Кај Пендаровски никој не се пожалил за политички притисок – Димитров: Паралелните предлози од ЕУ ја искомплицираа ситуацијата со Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Вила Водно никој не се обратил за да се пожали на претседателот Стево Пендаровски дека има политички притисок при донесувањето на одлуките во билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања.

„Во изминатите две години, председателот Пендаровски, од никого нема добиено ниту една информација дека врз македонските историчари во комисијата се врши политички притисок за да ги напуштат научните и стручни критериуми за утврдување на историската вистина. Впрочем, целокупниот состав на комисијата веќе ги демантираше наводите за наводни политички притисоци на членот кој поднесе оставка“, велат од Кабинетот на претседателот за ТВ21.

Членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев, поднесе оставка. Во своето соопштение, за таквата одлука навел – директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР. Но подоцна, тој беше демантиран од своите колеги.

Во интервју за Радио Слободна Европа, вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров,  ангажманите на ЕУ во решавање на спорот со Бугарија, го истакнува оној на Шарл Мишел и на Урсула фон дер Лајен, но од друга страна пак, вели: „…имавме ситуација кога имаше паралелни предлози во изминативе месеци и со германското претседателство и со португалското претседателство, коишто не придонесоа кон решение, туку на некој начин ја искомплицираа“.

„Во Договорот одредбата за немешање во внатрешните работи е реципрочна. И во тоа смисла нашата обврска да не се мешаме во бугарските внатрешни работи постои, но постои и обврска за Бугарија да не се меша во внатрешните македонски прашања. Туку можеби прво прашање е правото на самоопределување и самоизјаснување и тука е тој судир на позициите со договорот и правната рамка на некој начин што ја прави3 договорот“, вели Никола Димитров.

Во врска со најавениот план 5+1 на самитот Брдо кај Крањ неодамна, Димитров вели дека тука се битни две точки од кои едната е дали техничката влада во Бугарија може да испорача зелено светло за усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција

Добрососедските односи се суштински дел од процесот на европска интеграција на Македонија и придонесуваат за стабилност, помирување и клима погодна за решавање на отворените билатерални прашања и наследства од минатото, се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, при што акцентот во овој дел е ставен на односите со Бугарија и со Грција.