Како Ахмети добил покана од Хаг? Нема косовско државјанство – правниците велат: Судот може да покани било кого

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Примив покана и ќе одам да сведочам во Специјалниот суд, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој додава дека таму ќе биде во улога на сведок за војната во Косово. Но, дали може странски државјанин да сведочи за војната во Косово и дали тоа што Ахмети е повикан значи дека тој има двојно државјанство?

Од ДУИ со одговор.

„Г. Али Ахмети има државјанство само од РСМ и не е државјанин ниту на Косово ниту на некоја друга држава.“, велат од ДУИ.

За ова ТВ21 го праша Министерството за правда во Косово, но од таму изјавија дека немаат податоци дали Ахмети има косовско државјанство. Но цитирајќи го законот за Специјализирани оддели и Канцеларијата на Специјалниот обвинител објавија дека државјанството не одредува дали некој ќе биде земен на распит од Специјалниот суд или не.

„Специјализираните оддели имаат јуриздикција над лицата државјани на Косово/ПРЈ или над лицата кои извршиле криминал во рамки на нивната предметна јуриздикција против лицата со косовско државјанство/ПРЈ каде и да е извршен тој криминал.“, велат од министерството за правда.

Од Министерството за правда на Косово и МВР на Македонија не даваат одговор дали биле претходно информирани дека нејзини државјани ќе бидат повикани на распит во Специјалниот суд на Косово? Не одговараат ни за тоа дали ова дело е спротивно на законите на РСМ?

Ништо спорно не гледаат правниците. Акредитираниот адвокат на Специјалниот суд, Таулант Ходај вели дека Специјалниот суд може да покани и државјани надвор од Косово.

„Ова значи дека некој друг државјанин, на друга држава, на Македонија, Албанија или од каде и да е, за кој потенцијално се сомнева дека извршил криминал врз државјаните на Косово или екс Југославија во тоа време, може да биде дел од јуриздикцијата на овој суд и канцеларијата на специјалната обвинителка. Значи ова се случаи за кои може да се има јуриздикција. Ова може да се случи и во случаи кога се сомнева за криминал што се случил во Косово.“, рече Таулант Ходај, акредитиран адвокат на Специјалниот суд.

Но Ахмети е поканет како сведок, дали тоа значи дека и за сведоците важат истите одредби. Правниот експерт Мерсим Максути вели дека Ахмети е поканет за да обезбеди податоци.

„Нема воопшто врска тоа, бидејќи не е повикан како државјанин на РСМ туку како клучна фигура која може да обезбеди клучни информации…кои судиите главно треба да ги следат осомничените за кривични дела“, , вели Максути.

Од партијата на Ахмети се убедени дека нивниот лидер оди да сведочи а не да биде обвинет, бидејќи како што вели, веруваат во чистината на неговата воена дејност.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја примил поканата ба СС на Косово во Хаг и ќе оди да сведочи. Не се знае дали неговиот исказ има врска со обвинението против претседателот на Косово Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели. Ахмети е втор кој ќе оди во Хаг откако Специјалниот суд на Косово покрена обвинение за воени злосторства врз човештвото на 24 април. Не се знае кога ќе оди Ахмети и дали бидејќи е во улога на сведок, ќе има заштита од државата Северна Македонија.