Топлотниот бран кој ја зафати Македонија, тешко им падна на сите. Оние кои се радувале на лето, сега можеби жалат после овие горештини. Но не е проблем како да се преживее денот, туку и ноќта. Жештината често може да не разбуди.
Постојат неколку трикови кои ќе помогнат за во текот на вакви ноќи се наспиете.
Германскиот стручњак за проблеми со спиењето Ханс-Гунтер Вес кажува дека не треба да се потценува проблемот. Хроничниот лош сон може да има лошо последици, а даде неколку совети.
„Се се сведува на правилно проветрување. Затворете ги прозорите и ролетните во текот на денот, а отворете ги пред одење на спиење“, вели тој.
Вториот совет е изненадувачки, а тоа е:
„Напијте се нешто топло пред одење во кревет, малку е веројатно дека ќе се потите. Туширање со топла вода исто така е добра опција“, рече тој.
Вес вели дека не треба да правите една работа пред спиење.
„Немојте да пиете алкохол, особено вино. Алкохолот влијае на ширењето на крвните садови и го поттикнува потењето“, вели Вес.
