Како ќе ги контролира полицијата гостите? Спасовски уверува: Домовите на граѓаните ќе останат недопрени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Предложените мерки против Ковид-19, граѓаните да не примат повеќе од четворица гости и носењето на маски во отворено, предизвикаа лавина реакции во јавноста. Но, поголемиот дел од граѓаните кои ги анкетираше ТВ21 сметаат дека мерките треба да се почитуваат и дека треба да се зголеми висината на казните.

Но, има граѓани кои прашуваат: Зошто треба да се носат маски на отворено и дали полицијата ќе ја наруши приватноста  доколку влезе во домовите на граѓаните за да контролира колку гости има?

Но, сите граѓани немаат исто мислење.

Доколку мерките кои ги предложи министерот за здравство, Венко Филипче, стапат на сила, дали тоа значи дека и функционерите кои ќе организираат прес конференции ќе бидат казнети од полицијата и додека само еден е без маски? Во врска со ова одговори министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Што се однесува до дилемите, дали полицијата ќе ги контролира домовите на граѓаните за да провери колку гости имаат, Спасовски тврди дека домовите остануваат недопирливи.

Со оглед на тоа дека Комисијата предлага анти-уставни мерки, Спасовски смета дека тој не треба да учествува во дебатите и подготвувањето на протоколите и изјави дека препораките се разгледуваат од Владата и потоа се носат одлуки. Според него нема образложение ниту за зголемување на висината на казните, со цел граѓаните да носат маски.