Како ќе гласаат граѓаните со стари документи? Џафери вели дека има време да извадат нови документи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова беше реакцијата на техничкиот премиер Талат Џафери, прашан зошто граѓаните не успеваат да ги подигнат личните документи за кои се фотографирале.

Уште останува нејасно дали ќе имаат можност да гласаат граѓаните кои не извадиле лични документи со новото име на државата на парламентарните и претседателските избори.

Премиерот Џафери не сакаше да зборува хипотетички што може да се случи во иднина доколку голем број на граѓаните не успеат да извадат документи. Сепак вели дека има доста време до изборите за граѓаните да аплицираат и да извадат нови документи.

Како решение за оваа прашање, ДИК предложи во Изборниот законик да се вклучи преодна одредба со која ќе им се овозможи на граѓаните да гласаат и со документите со старото име на државата, а кои се уште имаат рок на важење.

Со цел граѓаните што поскоро да се опремат со лични документи, од денеска е отворено уште едно место за фотографирање. Станува збор за Центарот за обука во Идризово. Инаку како што извести премиерот Џафери, од МВР добил информации дека само во текот на февруари, одработени се вкупно 123 983 пасоши, 82 235 лични карти и 46 280 возачки дозволи.