Во нашата земја има 2.241 активни случаи со Ковид-19, а илјадници се во самоизолација. Не се знае колкава ќе биде бројката на заразени со корона вирус до датумот на избори, а од друга страна Владата се уште не нашла решение за тоа како ќе гласаат заразените лица. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека гласањето на пациенти е безбеден процес.
На членовите на ДИК им останало да облечат скафандер и визир со цел да им овозможат на граѓаните кои не можат да излезат од дома или се во болница, да гласаат, право гранатирано со Устав.
Според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, болните и изнемоштените лица и тие кои се во самоизолација и се позитивни со Ковид-19, ќе гласаат на 13 и 14 јули.
