Како ќе се врати довербата во судството? Експертите бараат: Владата да ги спроведе ветените реформи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кога граѓаните ќе ја вратат изгубената доверба во правично и независно судство? Натали Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“ вели дека за да ја вратат граѓаните довербата во правдата потребно е сериозност од Владата при спроведување на реформите во судството и исполнување на неколкугодишните ветувања за прочистување на судството.

Петровска вели дека слабости се забележуваат и во институциите што ја следат работата на судството и потребно е тие да се зајакнат. Но, таа додаде дека политичката волја е исто така многу важна во спроведувањето на реформите во судството.

СДСМ во 2016 година, кога дојде на власт, им вети на граѓаните непристрасно и неселективно судство, па дури и сега на овие избори изјави дека приоритет на новата Влада е прочистување на судството, додека за министерот за правда Бојан Маричиќ, сомневањето на граѓаните во судските одлуки е мотив за спроведување на реформата и враќање на довербата. Дури и за време на овие избори, СДСМ ветуваше дека ќе направи чистка на судиите кои намерно ги оставија случаите да застарат, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека има корупција и непотизам во судството. Од друга страна, многу случаи на поранешното Специјално Обвинителство сега се наоѓаат во Основното јавно обвинителство, во кои државни и политички службеници се обвинети за злоупотреба на службената положба, нивните случаи или не се завршени, или се застарени или постапката се уште е во тек.