Како се известуваше од Самитите во минатото? Одговара новинарот Михајловски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Долгогодишниот новинар на СДК.МК, Горан Михајловски во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 раскажа како се известувало во минатото.

„Сме почнале со јавување на телефони, со трчање, на пример во Њујорк кога беше приемот во ОН или јас бев присутен на подигањето на македонското знаме во ОН, сме се тепале кој да стигне побрзо до телефонска говорница па ќе се јавиш, па таму те примаат стенографи, па тие во меѓувреме најверојатно си разменувале рецепти па не ти креваат телефон, или е зафатено…“, вели Михајловски.

Тој додава дека ова малку го заболело на овој Самит.

„Ние сме мала група македонски новинари кои што ги добиваат информациите од Скопје. Ние не го видовме со нас премиерот Мицкоски, воопшто не се појави на прес говорница“, додава Михајловски.

Сите вести од Самитот на НАТО читајте ги ТУКА!