Битиќи најавува промена, но дали во СДСМ или друга партија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Во политиката влегов за да ја направам промената и додека не ја направам, нема откажување!“.

Ова е пораката која ја напиша Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.

Вицепремиерот за економски прашања пред неколку дена, веднаш по поразот на СДСМ на изборите, поднесе оставка од потпретседателската функција на партијата.

ТВ21 го праша Битиќи дали ќе се префрли во друг табор или останува во СДСМ, но не добивме одговор.