Калас на средба со Мисајловски: „Македонија е доверлив партнер и придонесува во важни ЕУ мисии“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нашата помош е дел од зголемената воена соработка меѓу Европската унија и Западен Балкан и безбедноста на овој регион е од важно значење за Европската унија. Ова го истакна високата претставничка на ЕУ Каја Калас по посетата на Балканската медицинска наменска сила во касарната Илинден.

-Северна Македонија е доверлив партнер, целосно усогласен со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија и придонесувате во важни ЕУ мисии и операции вклучувајќи ги и ЕУФОР АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Од наша страна ние ја поддржуваме Армијата на Северна Македонија од околу 40 милиони евра, изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски се заблагодари за помошта и притоа истакна дека безбедноста во регионот е многу важен за безбедноста на Европа.

-Како земја која се гледа во големото европско семејство и земја членка на НАТО соработката во одбраната е приоритет, затоа што безбедноста на регионот и на континентот се поврзани. Очекувам со истата ефикасност и посветеност да продолжиме да ги зацврстуваме нашите одбранбени односи и нашата соработка, изјави Владо Мисајловски, министер за одбрана.

Началникот на Генералштабот Сашо Лафчиски во чест на високата претставничка на ЕУ Каја Калас и додели плакета и благодарност за помошта и соработката.