Калас: Се создава опасен преседан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, предупреди на „опасен преседан“ што може да се постави со блокадата на Ормутскиот теснец, клучен воден пат кој е затворен два месеци поради војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна. Повисоките цени на енергијата поради блокадата ќе им наштетат и на Европа и на Азија, рече Калас, пишува Анадолија.

„Слободата на навигација мора да биде гарантирана, во спротивно тоа ќе создаде опасен преседан во другите делови од светот“, изјави Калас пред новинарите во Брунеи, каде што учествува на 25-от министерски состанок на ЕУ и АСЕАН.

„Два месеци по почетокот на војната со Иран, дипломатските напори сè уште не вродија со плод“.

Зборувајќи со медиумите заедно со министерот за надворешни работи на Брунеи, принцот Мохамед Болкија, Калас ја нагласи важноста на соработката.

„Во денешното глобално опкружување, ниту една од нашите земји не може да си дозволи да дејствува сама. Настаните на Блискиот Исток јасно го покажуваат тоа“, рече таа.