Камера на судски рочишта, се уште само идеја! Се бараат законски измени и дигитализација на судовите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Камера на судските рочишта со јавен интерес за да се зголеми транспарентноста на судските постапки во Северна Македонија. Ова идеја е иницирана од 2018 година, но се уште не е реализирана. За оваа намена беше формиран и Судскиот медиумски совет.
За да се поттикне процесот се ангажираше и Амбасадата на САД во Скопје преку новинарката Рашел Кохен, која како ко-основачка на Судскиот медиумски комитет на Масачусетс, велеше дека отворените судови се најдобрата форма за зголемување на довербата на јавност во судството.

„Кога велам отворање на судовите, заборувам за нивното отворање за камерите, за сите електронски опреми така да новинарите имаат можност да твитат и пишуваат и во судските сали.“, вели Рашел Кохен.

Но што е направено во текот на овие две години за да се постигне тоа во нашата земја?

Христина Беловска е новинарка кој следи судството, а истовремено е и потпретседателка на Судскиот медиумски совет. Тврди дека е направено помалку од очекуваното, но како и да е не е како порано кога новинарите не смееја ниту телефонот да го внесат во судските сали.

Беловска очекува до 2021 година да се постигне нешто во тој правец, почнувајќи од компромисот во СМС.

Освен инфраструктурата која треба да се изгради, со камери и кадар кој ќе се грижи за техничкото одржување на снимањата на судските рочишта, треба да се најде решение и за делот кога има сведочења. Тоа подразбира дека не се што се снима може да се емитува, бидејќи може да се поткопа судскиот процес со оглед на тоа дека сведоците не смеат да знаат што зборувале другите сведоци при сведочењето.