Преку кампања “Ние сме Европа“ која се спроведува пред уставните измени, владата ќе ги убедува граѓаните дека исполнувањето на условите е нашиот пат кон побезбедна иднина. Преку организирање трибини со граѓаните, кои ќе чинат 80 илјади евра, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ рече дека стратешката цел на земјава е да се прилижи кон главната цел, членството во ЕУ.
Но лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ова е плагијат бидејќи најмалку претставниците на земјава имаат право да ја претставуваат земјава пред ЕУ. Ги нарече срам за Европа.
Премиерот Ковачевски ја оправдува оваа кампања велејќи дека граѓаните треба да се запознаат со скрининг процесот но и со придобивките од членството во ЕУ.
Инаку оваа кампања ќе се одржи во повеќе градови низ земјава, како Скопје, Струмица, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и Куманово. Активностите ќе започнат во Скопје на 30 август.
