Канадски воен хеликоптер исчезнал во Грција, најверојатно се урнал во Јонското море

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Канадски воен хеликоптер исчезнал вчера додека учевствувал во вежба на НАТО на крајбрежјето на Јонското море во Грција, соопштија вооружените сили на таа земја.

Си-Би-Ес пренесува дека хеликоптерот, во кој имало шест лица, најверојатно се срушил во Јонското море.

Леталото се наоѓало надвор од контрола на зоната на Грција, 80 километри од островот Кефалонија, кога е изгубен контакт.

Канадските вооружени сили соопштија дека во текот е потрага по хеликоптерот, јави „Ројтерс“.