Канаѓанец создал паника во авион – лажел дека имал коронавирус, авионот се вратил, патникот уапсен

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Канадски државјанин направил паника на летот Торонто – Јамајка откако ги лажел патниците дека е заразен со коронавирус, со што авионот морал да се врати назад. Веднаш потоа човекот бил уапсен, соопшти полицијата во Канада.

Инцидентот се случил вчера на лет на компанијата ВестЏет ерлајнс. Во авионот имало 243 патници.

„Човек предизвикал вознемиреност во авионот, велејќи дека бил во Кина и има коронавирус“, рече Сара Патен, портпаролка на полицијата во градот Пил, во близина на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто.

По слетувањето човекот бил прегледан, и се утврдило дека не боледува од смртоносниот вирус.

Капетанот им соопштил на патниците дека се работи за измама, но дека во секој случај мора да го врати авионот назад во Торонто.