Полека се комплетираат кандидатите за градоначалници на Арачиново. Опозициската коалиција, АА-ААА, имаат свој кандидат за ова општина. Огранокот на АА во Арачиново го предложи Наим Синани, и чека одобрување од коалицискиот партнер Алтернатива. Сепак, како што дознава ТВ21, нема друг кандидат и се очекува наскоро Синани да добие зелено светло.
Од Движење Беса се очекува да го кандидираат актуелниот пратеник Бастри Бајрами. Генералниот секретар на партијата, Арјанит Хоџа, за ТВ21 рече дека во игра се неколку имиња но моментално постои поголема веројатност да биде избран Бастри Бајрами. Потсетуваме дека Бајрами беше градоначалник на Арачиново.
СДСМ повторно ќе ја кандидира Миликије Халими, а ДУИ ќе се трка со Ридван Ибраими.
