Кандидатот за пратеник Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека добивал закани од советник на Зоран Заев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на МОБ и актуелен кандидат за пратеник Игор Дурловски на својот Фејсбук профил пишува дека после бројните напади кон него во изминатиот период, одлучил денешниот настан јавно да го објави затоа што бил сериозна и директна закана за неговата безбедност.

Во објавата не појаснува за каков инцидент се работи, но пишува дека истиот е пријавен во полициска станица, и очекува да биде покрената соодветна постапка, а наскоро ќе ги информира и претставниците на меѓународната заедница.