Пандемијата не смее да претставува пречка за изградбата на патиштата, железницата, гасификацијата, водовод и канализација. Во првото тримесечје имаме добро реализирање на капиталните инвестиции и до средината на април е 10 %. Следниот месец очекуваме кризата да има мало влијание и да се фокусираме во работите на терен. Нашата тенденција е да ги повториме минатогодишните резултати – рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски.
Според директорот на ЈП Државни патишта, Зоран Китанов, работата продолжува со несмалено темпо.
До вчера, , претпријатието исплатило близу 4 милиони денари од својот буџет за реализација на програмата, или 21.3%
