Капитенот Ристовски се повлече од репрезентацијата поради нарушен однос со селекторот Милевски!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски на социјалните мрежи објави дека се повлекува од настапи во националниот тим на Македонија. Ова е неочекувана вест, со оглед дека Ристовски беше стандарден во репрезентацијата, а истакна тоа го прави поради нарушени односи со селекторот Благоја Милевски.

Засега не е познато дали и кога Ристовски ќе се врати во националниот тим, односно дали ова повлекување ќе биде на сила само додека е Милевски селектор, а потоа одново ќе игра во дресот со државниот грб или ова е крај за  него во репрезентацијата засекогаш.

Ристовски за националниот тим досега има одиграно 80 натпревари, низ кои постигна 2 гола.