Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје на денешната прес конференција во Владата на Р. Македонија истакна дека тие се спремни за половина час да мобилизираат група доколку има таква потреба.
„Едно позитивно лице не претставува ризик за населението. Медицинските служби се 24/7 подготвени да дејствуваат и за само половина час можат да направат екипа. Граѓаните може да бидат мирни, зашто ништо не не изненади“, напомена д-р Караџовски.
