„Бугарија е земјата која секогаш помага на Северна Македонија – први ги признавме, им помогнавме финансиски, воено, за време на ембаргото. Очекавме колегијално однесување, а добивме заткулисни игри“, рече вицепремиерот и министерот за одбрана на Бугарија Красимир Карачанов во најновото интервју за БНТ.
Тој повторно кажа дека Скопје треба да го почитува Договорот за добрососедство.
Каракачанов во интервјуто говореше и за победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД, потенцирајќи дека позицијата на Бугарија нема да се смени со промената на претседателот.
