КАРДИОЛОГОТ Џералд Кар-Вајт предупреди на храна која треба да ја избегнува секој со висок крвен притисок. Како што вели, храната со висока содржина на сол е опасна за сите кои страдаат од хипертензија.
„На прво место би го издвоил сендвичот од бел леб со шунка и сирење. Сите компоненти на овој оброк имаат висока содржина на сол“, изјави тој за Експрес.
Високиот крвен притисок нема симптоми за многу луѓе, но го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. Затоа го нарекуваат тивок убиец.
„Важно е да се живее здраво, да се вежба и да се јаде урамнотежена исхрана за да се спречи висок крвен притисок“, додаде тој.
Доколку сакате да го намалите крвниот притисок, се препорачува да се држите подалеку од храна богата со сол и да консумирате агруми, лиснат зеленчук, цели зрна и влакнести јадења.
„Зголемувањето на секојдневното вежбање, дури и само 30 минути пешачење на ден, е одличен начин за подобрување на кондицијата додека го намалувате крвниот притисок“, истакна докторот.
