Ова не е вистински полицаец. Лажен е и е од картон, а е поставен на патот Тетово-Гостивар со цел да се намали брзината на автомобилите. СВР Тетово почна со оваа пилот активност чија цел е подигање на свеста за редот и безбедноста во сообраќајот во ова подрачје.
„Започна еден нов проект во кој подготвивме макети или модел на лажен полицаец кој ја мери брзината на автомобилите со радар, со цел возачите да ги почитуваат правилата во сообраќајот, да ја прилагодат брзината според условите на патот со цел да се спречат сообраќајни несреќи“, вели Фатмир Реџепи.
Полицијата планира да обезбеди уште неколку вакви картонски макети особено во летните месеци кога вообичаено има зголемена фреквенција во сообраќајот во регионот на Тетово.
„Вакви импровизирани полицајци можат да се видат и на регионалниот но и на магистралниот пат. Целта е возачите да ја намалат брзината и да се избегнат сообраќани незгоди“, посочи репортерот на ТВ21.
Инаку картонски полицајци има и во други држави, особено во Англија каде може да се видат различни модели.
