Карванот за вакцинација започна од Шуто Оризаре – Сали: Состојбата со корона вирусот е мирна, но не и задоволителна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на општина Шуто Оризари изразија интерес за вакцинација против Ковид-19. Тие се упатија кон центарот на општината каде што беше поставен шатор и каде беше спроведена мобилна вакцинација со вакцината Фајзер. Имаше многу прашања за имунизацијата, а еден повозрасен човек рече дека се плаши од вакцината.

Повеќето од луѓето кои пројавиле интерес веќе биле вакцинирани со две дози и сакале да ја добијат и бустер дозата. Еден жител се пожали дека настанала гужва и дека чекал на ред. Во оваа општина почна мобилната вакцинација, бидејќи процентот на вакцинација е низок, изјави министерот за здравство Беким Сали, додавајќи дека состојбата во државата е мирна.

„Епидемиолошката состојба според податоците со кои располагаме е мирна, но се уште не сме достигнале многу ниско ниво на заболени, во последната недела знаете дека добиваме бројки од 200 до 300 новозаразени, што за  жал. не сме задоволни со оваа ситуација“, посочи Беким Сали.

Градоначалникот на Шуто Оризари вели дека не знае колкава е вакцинацијата во оваа општина, додека на прашањето дали може да се вакцинираат лица без докуиенти,  одговори потврдно.

Амбасадорката на САД апелираше граѓаните да се вакцинираат.

„Јас сум вакцинирана против Ковид-19 бидејќи вакцините се безбедни и ефикасни, доказите се јасни. Но, како што рече министерот, пандемијата не е завршена и мора да продолжиме со апели“, посочи Кејт Мари Брнз.

Мобилната вакцинација има за цел да ја поттикне имунизацијата на населението која кај нас е во застој. Ќе трае до 3 април, а ќе ги опфати локациите како Шуто Оризари, Кратово, Радовиш, Струмица, Новосело, Скопје (спроти Ист Гејт Мол), Куманово, село Матејче во Липково,

Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга.

Карванот го организира Министерството за здравство со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО), УСАИД и УНИЦЕФ.