Касами: ДУИ одбегнуваше децентрализација, фокус беа личните интереси и заработка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Иронично е што ДУИ 20 години беше на власт и не само што не зборуваше за кантонизација и регионализација, туку не го направи ниту најмалиот чекор кон процесот на децентрализација“, вели Билал Касами.

„Знаеме дека Охридскиот договор, кој постојано го велича ДУИ, беше за зачувување на унитарниот концепт на државата, но процесот на централизација продолжи. Имаме една децентрализирана држава, а ДУИ уште еднаш повторувам, не го направи ниту најмалиот чекор кон децентрализација. Ова покажува дека тие ја загубиле насоката и во дворот свој и во владата. Тие мислеа како да заработат повеќе за себе и своите семејства и сега тие пари ги трошат на скапи меѓународни експерти, кои се обидуваат да создадат ПР, дека прават нешто“, изјави Касами.

Касами додава дека Северна Македонија ќе продолжи да се гради како држава на сите граѓани и коалицијата ВМРО-ДПМНЕ гарантира дека институциите на оваа држава ќе бидат во служба на сите граѓани без разлика кој е на чело на институцијата.

„Што се однесува до организирањето на државата, ДУИ требаше да го направи тоа кога беа на власт, а не сега во опозиција. Ова покажува дека темите кои ги отвораат се многу големи, а тие се наоѓаат во многу тешка положба во опозиција и едноставно не знаат како да се однесуваат во опозиција. Ова го знае јавноста, а тие не знаат како да се однесуваат во опозиција, и овие се теми кои се отвораат кога си на власт, а не во опозиција.”, заклучува Касами.