Касами: Од утре можеме да ја објавиме коалицијата за промени меѓу ВМРО и Вреди

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Од утре веќе може да ја објавиме коалицијата за промени меѓу ВМРО и Вреди“.

Вака вечерва на тетовскиот плоштад рече Биљал Касами од коалицијата Вреди.

Касами рече дека тие се победници во албанскиот политички табор, а истовремено се заблагодари и на дијаспората.

„Во оваа импозантна атмосфера прогласуваме победа во албанскиот политички табор. Коалицијата ВЛЕН е апсолутен победник на овие избори и за ова и благодариме на дијаспората која дојде да гласа за промени, благодарение на нив… уште еднаш покажаа дека во родниот град се меѓународен фактор и во овој случај им благодариме од се срце за секој добиен глас. 100 илјади пати благодарам дијаспора“, рече Касами.