Касами отворен за соработка за локалните избори – ниту една партија не потврдува дали ја сака Беса во коалиција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Движење Беса се подготвува на локалните избори да настапи сама, но како што се чини, претседателот Биљал Касами не е сигурен во тоа. Синоќа во „Клик Плус“ тој подаде рака за соработка со сите партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ.

„Во следниот период, тоа е во рамките на она што го кажав, ние ќе бидеме отворени за соработка со сите политички субјекти. Немаме никаков анимозитет кон партиите кои ги спомнавте, без оглед на тоа дали сме на спротивните позиции, власт-опозиција, станува збор за локални избори…“, истакна Биљал Касами.

Но, првата партија која рече „не“ за ваква коалиција е Алтернатива, која се оддели во фракција од Беса.

„Никако, бидејќи нашиот договор во коалиција со Алијанса за Албанците беше за парламентарните и локалните избори. Ние стоиме зад ставот дека на овие избори ќе излеземе заедно во коалиција со партнерот Алијанса за Албанците“, посочи Хисни Исмаили.

Пратеникот од редовите на Алтернатива не ветува дека има некаква шанса за соработка меѓу нивната коалиција и Беса. Но, од друга страна пак, потпретседателот на Алијанса, Елми Азири ниту потврдува, ниту негира, само вели дека секој кој сака да ја поддржи кандидатурата на коалицијата АА-ААА е добредојден

„Рано е да разговараме за конкретна и конечна одлука за можни коалиции, не само со субјектот кој го спомнавте вие, туку воопшто со субјектите на политичките сцена. Потпирајќи се на начелото дека сме убедени во квалитетната предност на кандидатите и програмата, мислам дека сме отворени за секој кој сака да ја подобри состојбата со својата општина и да ја поддржи кандидатурата која ја нудиме како коалиција“, вели Елми Азири.

ДУИ е убедена дека води во сите општини, но Арбр Адеми, открива дека не разговарале за можни соработки.

-ТВ21: Не ја исклучувате можноста за соработка со Беса?

Арбр Адеми: Навремено и со целосна транспарентност ќе биде информирана целата јавност за можни соработки за локалните избори. 

Единствената партија која Касами ја исклучува како опција за соработка за локалните избори е ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски со одговор:

Во однос на соработката со СДСМ, со која Беса влезе во предизборна коалиција за парламентарните избори, Касами вели дека и понатаму остануваат во коректна комуникација, додавајќи дека е можно да дојде до соработка и за локалните извори.

Првиот човек на Беса, најави дека ќе се кандидира за градоначалник на општина Тетово, а други две можни имиња кои кружат се пратеникот Фадиљ Зендели за Гостивар и докторот Ридван Бајрами за Чаир.

Касами меѓу другото рече дека во општините во кои е загрозена застапеноста на Албанците на ниво на советници и градоначалници, е подготвен за заеднички листи со албанските партии.