Касами: Проектот не ги исполнува условите – стопирани градежните активности на ул „Страшо Пинџур“ во Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово. Пред изборите почнаа градежните активности за нејзина реконструкција, но многу брзо беше повлечена целата машинерија и од тогаш е во ваква состојба. Граѓаните бараат улицата да биде завршена што поскоро.

„Треба да се направи што побрзо, а не да се одолговлекува до пролет или лето. Треба да заврши што поскоро бидејќи ќе дојдат и печалбарите, навистина е неубава глетка, бидејќи од нив очекуваме помош. Луѓето не поминуваат со тенкови по улицата, општината треба да ја санира, бидејќи ниту печалбарите, ниту луѓето кои живеат тука не поминуваат со тенкови или булдожери, туку општината не ја санира“.

„Оваа улица малку го отежнува сообраќајот. Добро, не знам колкав долг има општината, дали треба да испрати нешто до Скопје или не. Не знам, но остана една народна поговорка – она што ќе го почнеш, треба да го завршиш“.

Од општина Тетово велат дека проектот не ги задоволува условите, бидејќи, како што објаснуваат, сѐ уште не е дефинирано прашањето за атмосферската канализација.

„Основниот проект за таа улица не ги исполнува условите, односно не е предвидена подземна инфраструктура. Ние сме во консултација и со компаниите што го спроведува, и со Секторот за комунални дејности за да изнајдеме решение за подземната инфраструктура, канализацијата, фекалната канализација и водоводната мрежа.  Да го регулираме поврзувањето на атмосферската канализација со другиот дел, бидејќи е предвидено само промена на атмосферската канализација, а не е предвидено каде ќе се поврзува со другиот дел. Има прекин, така што ние сме во процес на изнаоѓање решение со цел улицата да се изгради согласно потребните инфраструктурни параметри и стандарди“, посочи Биљал Касами.

Откако дојде на чело на општината, Касами „замрзна“ неколку проекти кои беа почнати и оставени на половина.