Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами тврди дека муфтиството нема право да им зема пари на трговците кои продаваат на женскиот пазар бидејќи, како што вели, тоа е противзаконски.
-Дали има прекршување на законот, има прекршување, кои и да се тие власти, не можат да се игнорираат, дури и за муфтијата. Секоја институција, а во случајов верска, за да врши деловна активност, мора да има регистрирано деловно или трговско претпријатие, а врз основа на Законот тоа мора да биде стопанска дејност. Во овој случај, муфтиството нема такво нешто. Општина Тетово им дозволи на граѓаните да ги користат јавните површини за продавање на нивните производи во четврток, но општината не овластила никаков орган да собира пари, па така во четврток трговците можат да ги продаваат своите производи без никаква наплата, било на општината, муфтијата или слично, изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.
Муфтијата Ќани Несими, денеска не сакаше да коментира, но пред неколку дена објави на социјалните мрежи петиција преку која продавачите се согласиле да плаќаат.
Но што велат трговците за ваквата наплата?
-Се плаќа, но зошто да се плаќа на улица? Не се продава на улица, само овде се продава на улица. Кога ќе имате место тогаш треба да платите. На улица што плаќаш, овде на улица не треба никого да платиш. Ова е мала уплата, а не вреди да се споменат 100 денари на ден. Овде продаваме 20 години, но оваа година ја отежнаа работата, мора да се договорат меѓу себе. Денес не сме платиле, уште не стигнале. Според мене, не треба да плаќаме, но ако направат, ќе направат, велат тие.
Ги прашавме дали потпишале некаква петиција и за што ја потпишале.
Продавачите беа контрадикторни, бидејќи повеќето не знаеја за што ја потпишале петицијата.
Инаку, секој четврток овие продавачи во Тетово продаваат на овој тротоар и бидејќи го користат овој простор, на муфтијата му плаќаат по 50, 100 или 200 денари. Но, пред една недела општина Тетово заедно со општинскиот инспекторат, Управата за јавни приходи и полицијата излегоа на терен и утврдија дека наплатата на овие пари е спротивно на законот.
