Касами реизбран за прв човек на Беса – „Подготвени сме за коалиција со албанската опозиција“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако пристигна претседателот на Движењето Беса, почна и вториот Конгрес на партијата.

Пред присутните беше пуштено видео на кое беше прикажано развивањето на Беса од нејзиното формирање па до денес.

„Слободно можам да кажам дека сме подготвени и дека го имаме потребниот интелектуален и политички потенцијал за да ги претставуваме Албанците во државните институции. Владеењето на Движење Беса е синоним за чисти кадри“, вели Аднан Азизи.

По завршувањето на конгресот, лидерот Касами говореше за барањето на Беса за предвремени парламентарни избори и околу тоа дали би влегол во коалиција со Алијанса за Албанците.

„Движењето Беса покажа дека е отворено и дека силно се залага за соработка и обединување на албанската опозиција, но никогаш не стравуваме и сами да излеземе на избори. Ние се залагаме да имаме заедничко обединување на гласот на опозицијата за што побрзо и полесно да ја донесеме неопходната промена за Албанците во РСМ“, порача Биљал Касами.

Беса на редовниот Конгрес го реизбра Биљал Касами за претседател на партијата, а имаше и промена на партискиот Статут, каде беше додадена функцијата заменик-претседател, место кое му припадна на Арјанит Хоџа. На конгресот присуствуваа членови на Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ.