Касами: Следната недела ќе се сретнам со Мицкоски за назначување на заменик-министрите и директорите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ко-претседателот на ВЛЕН, Билал Касами, соопшти дека следната недела се очекува да се одржи нова средба со премиерот Христијан Мицкоски. Како што рече, на средбата ќе се разговара за пополнување и замена на позициите на замениците министри, како и за именувања на директори и заменик-директори во институциите каде што има потреба од пополнување или промени на овие позиции.

„Верувам дека во текот на следната недела ќе се одржи новата средба со премиерот, а воедно и претседател на ВМРО, како коалициски партнер, на која ќе разговараме за овие теми, односно за замениците министри, нивното назначување и замена, но и за други прашања, поконкретно за директорите и заменик-директорите, таму каде што треба да се пополнат позициите и каде што треба да се извршат промени“, изјави Касами.