Украина ги обнови нападите врз руските рафинерии со напад во областа Рјазан, соопшти регионалниот гувернер. Ова следува по предупредувањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека повторно ќе ги започне нападите врз руските рафинерии за нафта, откако ги обвини САД дека ја повлекуваат клучната поддршка.
Украинскиот претседател изјави дека, по наредба од Вашингтон, ги ограничил ваквите напади во период од три дена, додека Русија продолжила да ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина. „Доста е“, изјави тој за „Фајненшл тајмс“.
Зеленски, исто така, ги обвини САД дека ја прекинале размената на разузнавачки информации за руските напади со цел да извршат притисок врз Киев да ги запре нападите, откако САД постигнале договор за увоз на руска нафта. Тој изјави и дека забавувањето на сателитските услуги „Старлинк“, кои ги користи украинската војска, било намерно.
Претходно, тој изјави дека ќе се согласи со таканареченото „енергетско примирје“, кое американскиот претседател Доналд Трамп го најави во неделата, доколку и Москва го почитува.Но, Зеленски ја обвини Русија дека го игнорирала предложениот договор само неколку часа по неговото објавување, со напади поради кои стотици илјади Украинци останале без електрична енергија.
Украинскиот лидер изјави дека украинските претставници од нивните американски колеги добиле порака: „Ако не ги запрете нападите, ќе ги блокираме разузнавачките информации“.nnУкраинската војска се потпира на американските системи за рано предупредување за претстојните руски воздушни напади, со цел да ја активира противвоздушната одбрана, додека интернет-врските преку „Старлинк“ се користат во текот на сите воени операции.
