Денеска на меѓународниот аеродром Скопје пристигна помош од Катар. Вицепремиерот за европски прашања и главен координатор за меѓународна помош Бујар Османи, беше гостин на вестите на ТВ21 кој објасни за помошта.
„Катар одговори позитивно на нашето писмо кое го испративме во повеќе држави за помош, и ние сме им благодарни. Иста ваква помош има и во други земји, како Италија и Албанија“, рече Османи.
