Катиќ: „Навистина верувам дека треба да не поврзува нешто во што навистина сме добри и да учиме од другите“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Албанија со јачина 4.4 степени по Рихтер

Земјотрес со интензитет 4,4 степени според Рихтер ја потресе Албанија. Епицентарот е во Драч, на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил...

Груби: Лапсус на Меџити, прашањето е за Ахмети – Меџити: Не е лапсус! Груби да не се крие зад лидерот

Продолжуваат превирањата меѓу интегративците Меџити и Груби. Последното беше околу Насер Зибери, кој вчера беше избран за нов Народен правобранител,...

ДСЗИ: Гинеколошка ординација на д-р Асани е нерегистрирана и за неа нема никаков документ – издадено решение за забрана за вршење на здравствена дејност...

Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот...

Забрана за тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Стража и обратно

АМСМ информира дека од 14:40 часот има забрана за тешки моторни возила на патниот правец Гостивар - Стража и...

Општината и полицијата велат дека се работи за сообраќајната безбедност на „Индустриска улица“ во Тетово

Од Општина Тетово информираат дека ги имаат во предвид барањата на жителите на градот кои вчера протестираа на булеварот...

Оваа година ѕвезда на фестивалот „Киненова“ е актерката Бранка Катиќ, која на денешната прес – конференција се вклучи во живо.

Таа во својот говор вели дека навистина верува дека треба да не поврзува нешто во што навистина сме добри и да учиме од другите, да сме отворени кон другите размислувања и други агли на гледање на нештата, отколку постојано да мислиме, ние сме најдобри, никој не е добар како нас и затоа сите ни се непријатели.

Таа вели дека не можеш да го игнорираш општеството во кое живееш и според она што во него навистина се случува.

„За мене би било потполно сеедно кој е на власт се додека гледам дека таа власт и таа влада се грижи за својот народ. Не знам како е кај вас, но мислам дека не сме толку политички зрели, сметам дека немаме толеранција, немаме слободни медиуми, слобода на изразување, едноставно немаме простор каде би слушнале поинакви мислења, а тоа веднаш да не биде сфатено како некаква критика на власта. Јас растев во социјализам и многу убаво растевме. Растевме во Југославија и тоа беше многу убава земја. Родителите добиваа станови од претријатијата за кои работеа, тоа беа тогаш државни фирми, се сеќавам дека здравствените домови беа чисти, лекарите насмеани, факултетите беа бесплатни и тоа како успех имаш на училиште одлучуваше какво место добиваш на листата на факултет, а не дали имаш пари да платиш или не. Тешко е од таков социјализам да се премине во овој премин, не знам веќе каде сме-квази неолиберален капитализам. Тешко е затоа што сите ние сме некако така воспитувани- дека сите сме еднакви и јас во тоа верувам. Верувам дека секоје човечко суштество треба да има еднакви можности и дека треба да се почитува секој човек“, порача Катиќ.