Предложениот закон за коцкањето предизвикува жестока дебата меѓу опозицијата и власта. Албанската опозиција обвинува дека првиот вицепремиер Артан Груби дозволил отворање на три нови компании за игри на среќата во Македонија, додека според нив, коцкањето отсега ќе биде достапно и онлајн. Бараат целосно затворање на казината.
„Нашиот предлог е целосно да ги затвориме овие места кои се штетни на нашата младост, уште утре. Ние предложиме затворање. „Артан казиномен“, со неговиот потпис, со негова одлука, отвора интернет казина за да го вметне коцкањето во нашите домови, во секој дом преку интернет и значи, тоа е разликата“, вели Јетмир Асани.
Но според првиот вицепремиер, Артан Груби, целта на Владата е да го демонополизира пазарот со еден втор организатор на игри на среќата, а тоа е Новоматиц. Груби на интервју за Канал 5 изјави дека дадена е и трета лиценца за онлајн игри на среќата. Како што вели тој, тоа дојди по барање на Државна лотарија.
Од Движењето против коцкањето велат дека се против било какво обложување, било тоа онлајн или со физичко присуство.
„Ние сме биле и сме многу конкретни во нашите барања, дислоцирање од 3 километри од нашите населени места, едновремено нудиме решение и преку амандманите за нивната локација. Ние сме против било каков вид обложување, било тоа физички или преку интернет, а тоа го сметаме како класична кражба на граѓаните“, вели Џемал Абдиу.
Предлог законот за игри на среќата помина во Влада а чека „амин“ од пратениците. Во предлог законот предвидено е казината да бидат најмалку 500 метри од училиштата.
