Казни од САД за непочитување на „Преспа“, ВМРО-ДПМНЕ вели „ќе ја почитуваат волјата на народот“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Замрзнување на имотот и забрана за влез во САД за лица кои допринесуваат за дестабилизација на Западен Балкан. Ова е извршна наредба на Американскиот претседател Џо Бајден, а кој ќе биде ладен туш за многу политичари од Балканот. Меѓу другото се истакнува и почитувањето на двата најважни договори во Северна Македонија.

„Одговорен или соработник, директно или индиректно вклучен во некој престап, или акт кој попречил спроведување на регионална безбедност, мир, соработка или договор или рамка на реципрочно признавање или механизам на одговорност во врска со Западен Балкан, вклучително и Преспанскиот договор од 2018, Рамковниот договор од 2001…“

Дали ВМРО-ДПМНЕ ја чувствува оваа порака како испратена кон нив, со оглед на тоа  што не се согласуваат со Преспанскиот договор со кого се смени името на државата. Опозиционерите говорат со ублажен тон. Антонио Милошовски вели дека ќе ја почитуваат волјата на народот.

Од ова може да се разбере дека иако ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со Договорот, во иднина нема да презема дејствија против истиот.

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски вели дека наредбата на Бајден е порака кон сите оние кои блокираат или сакаат да блокираат процеси во државата.

Посветеноста на американскиот претседател кон Балканот се спомна и во синоќешната емисија Клик Плус на ТВ21.

Одлуката на претседателот Бајден за проширување на спектарот на итната состојба објавена во јуни 2001, следи по, како што е напишано, разгледувањето на состојбата на екс југословенските републики и на Албанија во последните две децении, вклучувајќи го и минирањето на повоените договори како и распространетата корупција во владата и разни институции на Западен Балкан, кои, како што се вели, го отежнуваат напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосната интеграција на регионот во трансатлантските институции и затоа претставуваат невообичаена и исклучителна закана за националната безбедност и надворешните политики на САД. Потсетуваме дека пред неколку дена, екс премиерот на Албанија, Сали Бериша и неговот семејство беа прогласени за “персона нон грата“ за САД.