Казни за бојкот и непопишување – Селами: Изготвивме пријава за партијата Левица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За бојкотирање или одбивање да се попишете предвидени се казни од 300 евра, а во некои случаи и казни со затвор. Ова го изјави заменик-директорот на Државниот завод за статистика Иљми Селами на денешната научна дебата околу пописот на население. Кривични пријави тукушто почнаа, вели тој, осврнувајќи се на кривичната која ја изготвија за партијата Левица која постојано повикува на бојкот на процесот.  

„Нека знаат сите политички партии, секој субјект, било кој фактор во општеството, во државата дека бојкотот претставува кривично дело. Кривично дело кое ќе биде гонето кривично. Ние сме во процес на подготовка на иницијатива за кривично гонење на партијата Левица, која отворено ги повикува граѓаните на Северна Македонија да го бојкотираат пописот. И Основното обвинителство ќе работи во тој правец“, истакна Илми Селами.

Универзитетските професори акцентот го ставија на ВМРО-ДПМНЕ која бара одложување на пописот, со тоа обидувајќи се да го политизира ова прашање. Според нив ова не смее да се дозволи.

„ВМРО-ДПМНЕ е против, влијаеше токму тоа што Албанците имаа право на целата своја историја, значи тие го потврдија правото на Албанците кое постои со години“, посочи Шпетим Цами.

„Нашата историја во Македонија е крајно со политички закони, со попис кој е 100% искористен политички и ние не можеме да правиме измени преку ноќ за да не се злоупотреби и овој попис“, додава Мерсим Максути.

„Ова е статистички процес, така го дефинира и законот, тогаш зошто ние треба да го политизираме во целост, тоа е општествен феномен кој е преведен во закон, закон кој одредува дека податоците кои ќе се приберат на овој попис ќе се искористат за потребите на државата“, вели Сејфула Османи.

Иљми Селмани ги отфрли тезите за одложување на пописот на населението, дури рече дека се разговара во Влада за продолжување на рокот на пописот поради пандемијата.