Во петококот минатата недела Данела Арсовска со нејзиниот тим беа во Трговскиор центар „Чаирчанка“ за да извршат увид на терен за почетокот на градежните работи за катните гаражи, но со неа немаше претставници на Алијанса за Албанците кои го поддржаа нејзиниот избор за градоначалничка на Скопје.
ТВ21 ја праша градоначалничката на Скопје зошто на тој настан не беше ниту нејзината заменичка Бујаре Абази, ниту Зуди Кока.
Арсовска додаде дека наредните денови сите ќе бидат известени кога ќе почне подготовката на документацијата за проектот и тогаш таму ќе бидат сите засегнати страни.
Од Алијанса за Албанците за ТВ21 истакнаа дека изградбата на подземните паркинзи и катните гаражи во Чаир беа дел и од нивната програма за градот Скопје и дека програмата за управување со Град Скопје е донесен заедно. Според нив набиената агенда е причината поради која тие понекогаш да не бидат дел од активностите.
„Поради набиената агенда на активности, често се случува градоначалникот и заменик градоначалникот да не се заедно во секоја активност но одлуките и работите се прават заедно. За нас не е важна фотографијата и парадата, туку реализацијата на проекти во кои граѓаните треба да уживаат и кои со децении им недостигаа“, велат од АА.
Инаку Арсовска во петокот најави изградбата на катните гаражи со цел зголемување на бројот на паркинг места во овој дел од градот со што ќе се реши многугодишниот проблем со недостигот на паркинг места.
