Ќе има ли полициски час за Бајрам? Османи: Бројот на заразени не е за потценување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште седум дена до празникот Бајрам. Додека бројот на заразени со Ковид-19 наизменично се намалува па расте, Комисијата за заразни болести ќе дискутира дали за претстојниот празник треба да се прогласи карантин од 24 часа. Техничкиот премиер Оливер Спасовски рече дека за тоа ќе се разговара утре во Кризниот штаб.

Денеска има 30 нови случаи на заразени со Ковид-19, затоа вицепремиерот Бујар Османи вели дека бројката не е за потценување.


„Природно дека предлог одлуките ги дава Комисијата за заразни болести врз основа на бројките. Денешните бројки покажуваат дека со намалувањето кое мислевме дека го имаме, 30 случаи не се за потценување. Меѓутоа, очекуваме дебата првично да реализира комисијата за заразни болести а потоа ние во Влада да дадеме политичко – институционална нијанса на лекарскиот предлог.“, рече Османи.

Претходно во земјава се прославуваше и Велигден, а со цел да се избегнат масовни собири на граѓани во храмовите беше прогласен полициски час која траеше од четврток па се до победелник. Полициски час имаше и за 1 мај, но сепак беше дозволено движење од 5 часот наутро до 14 часот попладне.

Еден од траидиционалните адети на муслиманскиот празник Бајрам е токму собирањата, пред се во џамија, па потоа и кај роднини и пријатели.