Во последните 24 часа, во Македонија се регистрирани 72 нови случаи на заразени лица и две жртви. Со овие податоци, бројот на заразени во земјава е 514, а на жртви 18. Жртвите се од Струга и Куманово.
Како што се гледа и од податоците, бројот на заразени расте од ден на ден. Затоа, министерот за здравство, Филипче извести дека утре можно е од Владата да побараат заострување на мерките за спречување на ширењето на вирусот.
На неформална средба со новинарите истакнато е дека може да дојде до измена на начинот на третирање на заразените, а за соочување со пикот на епидемијата, во функција се и болниците 8 Септември и болницата во Битола. Ќе се објави повторно повик за респиратори, а критериум овој пат ќе биде “кој ќе ги донесе побрзо, тој ќе го добие повикот“.
Додека бројот на заразени расте, опаѓа бројот на излекувани. Од Клиниката за инфектологија и фебрилни состојби, ќе бидат пуштен само 3 пациенти.
На Клиниката се хоспитализирани 74 пациенти од кои 15 се во тешка здравствена состојба. Според градови, до сега најмногу случаи има во Скопје, 235 заразени. Потоа следи Куманово со 114, Дебар со 49, прилеп со 33, Тетово 29, Струга 24, Кочани 14, а Велес 10. Другите градови имаат од 2 до 6 случаи на заразени.